Свет

Еден од најголемите светски поддржувачи на Преспанскиот договор, американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис дава оставка

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис во почетокот на идната година заминува од функцијата. Тој во писмото за неговата оставка наведува дека неговите погледи не биле „во согласност“ со оние на претседателот Доналд Трамп.

Според функционерот кој е познат и по прекарот „Бесно куче“ не може да се градат добри односи со Русија и Кина на сметка на западно-демократските вредности.

Притоа тој, меѓу другото, ги спомнува политиките на Трамп спрема Русија и Кина. Писмото со неговата оставка беше објавено кусо време откако Трамп на Твитер објави дека секретарот за одбрана ќе се пензионира кон крајот на февруари идната година. Американските конгресмени, и од Демократската и од Републиканската партија, веднаш изразија негодување околу заминувањето на Матис за кој се смета дека е еден од посигурните во администрацијата на Трамп.

Матис во септември беше во посета на Македонија за да даде непосредна поддршка пред консултативниот референдум и порача дека Преспанскиот договор е од неопходна важност за земјата да биде примена како рамноправна во НАТО.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток