За пакетчиња потрошени 72.000 евра, најмногу пари дал Град Скопје
Од
Објавено на
За купување новогодишни пакетчиња се потрошени 72.000 евра, иако се очекува сумата да достигне и поголема вредност соопшти Центарот за граѓански комуникации.
Според центарот, најмногу пакетчиња, 3.274, купила Општина Кавадарци, иако со пониска поединечна цена, а потоа е Општина Прилеп со 3.030 пакетчиња. „Најскапи пакетчиња, како и претходната година, и сега купила Општина Новаци, по 1.377 денари за едно пакетче.
Вкупно најмногу пари за пакетчиња, пак, потрошил Град Скопје – 10.000 евра. Просечната цена која институциите ја платиле за едно новогодишно пакетче изнесува 566 денари“, покажуваат резултатите од истражувањето.