Македонија

Избрана нова Влада

Пратениците по два дена дебата, избраа нова Влада. Нов премиер е Димитар Ковачевски. „За“ гласаа 62 пратеници, против новата влада се изјаснија 46 пратеници, без воздржани. Вкупно гласале 108 пратеници.

Новата Влада има 12 членови од СДСМ, 6 има СДСМ и 3 има Алтернатива.

Во новиот министерски состав влегува професорот на Правниот Факултет Никола Тупанчевски кој ќе го замени Бојан Маричиќ во министерството за правда, додека Маричиќ се сели на позицијата вицепрмиер за европски прашања.
Поранешната заменик министер за внатрешни работи Славјанка Петровска во новиот состав на владата ќе ја наследи Радмила Шекеринска во министерството за одбрана. Поранешната пратеничка Славица Грковска ќе седне во вицепремиерската фотелја за борба со корупција на местото на Љупчо Николовски, кој повторно се враќа на позицијата министер за земјоделство, односно на позицијата на која до ноември минатата година беше Аријанит Хоџа од Беса, која излезе од Владата.

Нова министерка за труд и социјалната политика на местото на Јагода Шехпаска ќе биде Јована Тренчевска која на оваа позиција доаѓа од Државниот трудов инспекторат, а Бисера Костадиновска Стојчевска е нова министерка за култура на местото на досегашната Ирена Стефоска.

Од досегашните социјалдемократски кадри министерските столчиња ќе ги сочуваат Оливер Спасовски кој останува во МВР, Благој Бочварски во транспорт и врски, Горан Милевски во локална самоуправа, Фатмир Битиќи – вицепремиер за економски прашања.

Позицијата министер за образование и наука, од која се повлече Мила Царовска, пак, се очекува да ја преземе досегашниот министер за информатичко општество и администрација, Јетон Шакири од ДУИ.

ДУИ во новата влада останува со речиси непроменет кадар. Само досегашниот министер за информатичко општество Јетон Шаќири ќе го замени едното за друго министерско столче во министерството за образование. До тоа дојде откако досегашниот премиер Зоран Заев неговата позиција му ја понуди на новиот коалиционен партнер Алтернатива, Адмир Алити.

Алтернатива го доби и министерството за здравство каде што ќе седне Беким Сали на местото на Венко Филипч, а Џемаил Чупи како министер без ресор задолжен за дијаспора на местото на Едмонд Адеми. Алтернатива влезе во владејачката коалиција со цел да се зголеми владејачкото парламенатарно мнозинство откако Беса ја напушти владата.

На почеток