Македонија

Обид за физички напад врз Кацарска, претседателката на Уставниот Суд

Шефицата на Уставниот суд Добрила Кацарска денеска е нападната во трговски центар во Скопје.

Лицето од Богданци прво викал и се дерел дрка ќе одговара, а потоа се приближил до масата покрај која седела со уште една жена.

Во еден момент обезбедувањето проценило дека постои ризик за директен физички напад и веднаш го отстраниле лицето и повикале полиција која го привела во станица.

Од полицијата потврдуваат дека лицето е од Богданци приведен и ќе одговара за загрозување на сигурноста.

Ова се случува само три дена по инцидентот во нејзината гаража во која и беше оставен кревет и забоден кујнски нож.

На почеток