Македонија

На 22 мај ќе се прегласува на 7 избирачки места, висат два мандати на ДУИ

На 22 мај( среда) ќе се прегласува на 7 избирачки места. Прегласувањето може да го смени резултатот во ИЕ 5 и ИЕ 6И. Се работи за два пратеника кои првично ги доби ДУИ, но по прегласувањето може да ги загуби. Ќе се гласа на едно избирачко место во селото Ларце, Желино кое е дел од шестата изборна единица, како и во шест избирачки места во Крушево, Долнени, Струга и Охрид, кои се во ИЕ 5.

Во прашање се два мандати на Коалицијата „Европски фронт“ еден во петката кој на 8 мај му припадна на четвртиот на листата Исмаил Јахоски, а сега може да го добие СДСМ и еден во шестката кој го доби Фатмире Исаки која беше на деветтото место и мандат кој би припаднал би припаднал на Коалицијата „Вреди“.

Во петката, сепак има три опции:ДУИ да го задржат пратеничкиот мандат, но и да го добијат или СДСМ или ВМРО ДПМНЕ.

На почеток