Македонија

Ахмети се налути, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за договор за прегласувањето во седум избирачки места

ДУИ се незадоволни од одлуката на Управниот суд кој ги одби нивните жалби за прегласување на седум избирачки места на 22 мај. Со ова прегласување има можност ДУИ да загуби два пратеника.

На итна седница на Претседателството одлучиле да одржат состаноци со другите партнери од Европскиот фронт па ќе ги соопштат следните чекори.

По тричасовниот состанок соопштија дека е направена неправда кон нивната коалиција.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вели дека тие се победници на изборите на 8 мај, но се прават договори кои се на штета на Албанците и кои ќе ги нарушат меѓуетничките односи. Повторното гласање во неколкуте изборни единици, според Ахмети има ризична позадина, но тој вели дека нема дозволат да се реализира стратегија за содавање тензии.

Сите политички акробации, тајни договори во подруми се неприфатливи и казниви затоа што се шминкаат чекор по чекор и не треба да се толерира.Ги снаеме сите детали за доховорите во црвените подруми. Во иднина ќе ги изнесеме детално сите договори”, предупреди Ахмети.

На почеток