Коронавирус

Беким Сали нема да ги моли Пановски, Даниловски и Марковски – нови мерки нема да има

Беким Сали, новиот министер за здравство, посочи дека нема да ги моли докторите да бидат дел од Комисијата за заразни болести.

„Не е период за дискусии и молење, други начини на покани. Сега е време за засукување на ракави. Имаме благо покачување на хоспитализација. Ја контролираме ситуацијата. Од аспект на кадар сосема добро сме организирани. Ни останува да почекаме да се намалува бројот“, посочи министерот.

Во однос на мерките, тој кажа: „Нема нови мерки, нема ниту потреба. Вака како што сме, продолжуваме“.

Вчера попладне новиот министер за здравство Беким Сали преку Фејсбук ги повика универзитетските професори Пановски, Даниловски и Марковски да бидат дел од Комисијата за заразни болести, кој тој како нов министер има право да го формира новиот состав.

Сепак, тројцата му порачаа на министерот дека не прифаќаат покани преку Фејсбук.

На почеток