„Постои нужна одбрана, ама на системот му одговара да трауматизира жртви“, коментира Ина за случајот на Пале


Познатата инфуенсерка која јавноста ја препознава под псевдонимот Ина Многуфина, смета дека велешанката Пале која е обвинета за извршено убство, не треба да одговара за тоа кривично дело. Таа одново застана во одбрана на обвинетата, откако и по убиството, обзнани за нефункционалнсота на системот.
„Во Кривичниот законик постои нешто што се вика нужна одбрана. Ама ако на ова што би требало да е систем му одговара да се суди за самоодбрана, да се влечкаат предмети за силувања, да ги трауматизираме жртвите одново и одново, реконструкции за силувања да праиме, а насилниците проаѓаат со условни казни, пријави се повлекуваат под чудни околности, секој ебен ден имаме вест за силувања и претепувања,… епа ако вака треба да биде нашето општество можеме да се самораспуштиме другари“, посочи Ина Многуфина.
За случајот:
