Свет

Кличко со порака до САД и Британија

Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев, објави видео порака на англиски на Твитер.

Тој особено им се обраќа на Американците и Британците и им се заблагодарува за воената помош и поддршка. Тој додава дека Украина ќе победи.

„Јас сум Украинец. Драги пријатели, сакам да им се заблагодарам на нашите американски партнери кои ни испраќаат оружје, за да ни помогнат да ја одбраниме земјата. Особено, кои помагаат во одбраната на нашиот воздушен простор“, рече тој.

„Ви благодариме, Британци, што ни испративте високотехнолошка опрема и што не поддржавте во нашата борба за слобода и независност“, додаде тој.

„Ќе се спротивставиме затоа што ова е наша земја. Се бориме за нашата земја. Но, ние се бориме за вас и за нашата иднина“, рече тој, додавајќи дека Русија веќе сфатила дека не може да ги победи Украинците.

„Одиме кон победа, ќе опстанеме. И ќе ја обновиме нашата држава. Слава на Украина“, рече тој.

На почеток