Коментари

Зошто Пендаровски нема ист аршин кон другите осудени за 27 април, прашува Илиевски

Богдан Илиевски, еден од лидерите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ што беше притворен, па амнестиран за настаните од 27 април 2017 година во Собрание, реагира за помилувањето (само) на Абдулфета Алими од претседателот Стево Пендаровски.

„Ај уште еднаш…

Не треба да соопшти Пендаровски детали за помилувањето на Абдулфета Алими. Фета е невин и е неправично осуден за терористичко загрозување на уставен поредок и треба да биде на слобода. ТРЕБА ДА СООПШТИ ЗОШТО нема ист аршин кон другите осудени во политички конструираниот монтиран процес со лажни сведочења на докажани лажни сведоци, осудени со драконски казни од партискиот судија на СДССМ, во процес кој заврши со три гласа за промена на името на државата. Тоа треба да го соопшти Пендаровски“, коментира Илиевски на Фејсбук.

На почеток