Актуелно

Боки 13 проговоре за сите пријатели и соработници кои му свртеа грб: Ме крадеа, земаа огромни плати, се дистанцираа

Бојан Јовановски познат како Боки 13, си ја отвори душата пред јавноста. Тој проговоре преку писмо испратено до администраторот на неговите профили на социјалните мрежи. Писанието доби виралност, а тој поддршка изразена во илјадници допаѓања на објавите, нивно споделување, како и коментирање.

„Кога ме притворија и затворија многу од моите таканаречени пријатели, роднини, другари и соработници ме избришаа од листата на ЖИВИТЕ… како небаре да сум мртов и да ме закопале, а не притвориле и затвориле… Па така занесени во сопственото лицемерие и хиенски потреби, едни велеа дека не ме познаваат, други дека ме познавале само од телевизија, трети велеа дека ми биле но дека повеќе не ми се пријатели и дека они биле шокирани кога дознале што сум правел (а ништо не сум правел и ништо не сум им направил и токму тие први ме осудија, баш тие кои што сум се обидувал да ги направам луѓе иако биле обични штетни крлежи закачени на мојата кожа) , четврти ме испокрадоа, петти се дистанцираа најмизерно од мене а добро им беше кога земаа огромни плати, а еден голем дел се оние, најодвратните, кои што ми се лигушеле најполтронски во “нормалниот” свет, а потоа се наслудуваа на мојата ситуација велејќи “убаво му направија, малку му е” е на таквите полтрони им посакувам истото мое “убаво” да го доживеат на сопствена кожа за да почуствуваат колку е убаво…“, е објавено на профилот од Боки 13.

Таму се додава: Сите овие погоре опишани, лицемери, крлежи, лопови, мршојадци, лешинари, го занемариле фактот дека нивното лицемерие, гадотија и нечовечност, денеска се моја мотивација! Мотивација да продолжам со дигната глава, да се борам и да успеам во својата борба, со Божја волја и помош а не со нивна! За волја на вистината со мене во моите најтешки моменти покрај мајка ми и татко ми останаа само неколку луѓе кои можат да се избројат на прсти, но верувајте ми дека сум благодарен што ги имам и тие малку по бројка, но премногу по квалитет и значење, нека се сите тие живи и здрави и од срце им благодарам што покажаа дека сеуште имало и по некој човек….Фала ви од се срце!!! Благодарам и на оние луѓе кои што не ги познавам лично а ми пружиле поддршка искрена и од срце, верувајте во ситуација во која се наоѓам, секој убав збор, планина вреди, затоа ви благодарам.

Скоцкан сум и од затвор… тоа ви пречеше , ви пречи и нека ви пречи, ако е тоа главниот проблем во нашата држава, тогаш ние сме навистина среќно и успешно општество!!! Скоцканиот “криминалец” го фативте… смешни сте!“.

На почеток