Актуелно

Пo Црна Гора, суперјахтата на Роман Абрамовиќ лоцирана во близина на турскиот брег

Јахтата „Мој Соларис“, која е поврзана со рускиот милијардер Роман Абрамович, денеска е забележана на неколку километри од брегот на југозападна Турција, откако во последните денови ги заобиколи водите на Европската унија, соопшти сајтот за следење на бродови, пренесува Ројтерс.

По дводневниот престој во заливот Тиват во Бока Которска, според истиот извор, јахтата на Абрамовиќ се упатила кон Турција, а денеска била на околу 3 километри од турскиот брег, во правец на одморалиштето Датча.

140-метарската суперјахта „Мој Соларис“, која плови под знамето на Бермуди, според сајтот што го следи движењето на бродот „Marine Traffic“, на 8 март го напушти бродоградилиштето во Барселона, каде што беше на поправка.

После тоа, таа на 12 март заплови во водите на Црна Гора, откако Обединетото Кралство донесе одлука за замрзнување на имотот на руските олигарси, меѓу кои и Абрамович, кој е и сопственик на фудбалскиот клуб Челзи.

Минатата недела Абрамович полета за Москва откако го напушти Истанбул со својот приватен авион. Според податоците од мониторингот на летот, тоа е второ патување со авион поврзан со Абрамович меѓу турскиот град и руската престолнина за три дена, според Ројтерс.

На почеток