Магазин

„Ме пречекавте како да сум победила на Евровизија“, Анастасија Ражнатовиќ за првиот настап

Анастасија Ражнатовиќ го одржа својот прв настап пред 10 дена, во Париз, а како што рече сега, не очекувала дека ќе предизвика толкаво внимание.

– Ме пречекавте како да сум победил на Евровизија, а јас само имав настап како и секој друг пејач. Беше феноменално, публиката беше фантастична. Се чувствував како да настапувам по 101 пат, а не прв пат – изјавила Анастасија за „Детоксик“.

Истата вечер, Цеца Ражнатовиќ имаше концерт на Копаник, па не можеше да присуствува на првиот настап на ќерка си, но пред патувањето и дала многу совети и цело време била со неа.

-Ми рече да бидам своја, знае дека може да имам трема. Таа настапи на Копаоник, но се слушнавме преку видео повик веднаш по завршувањето на настапот, цело време беше со мене – изјави Анастасија.

На почеток