Некатегоризирани

Се укинуваат маските во затворен простор и изолирање на лица кои контактирале со заразени

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски, кажа дека препорачале укинување на две мерки. Тој вели дека се следи состојбата во Македонија со коронавирусот, па се носат одлуки.

„Моменталните услови ни овозможуваат намалување на рестрикциите. Препорачавме да се укине мерката на задолжително носење маски во затворен простор. Исклучок се здравствените установи, домовите каде се згрижуваат постари лица и јавниот превоз. Овде останува задолжителното носење маски. И втората поважна препорака се однесува на следењето на контактите по потврдени контакти. Се укинува следењето на контактите и нивно излолирање“, рече Петличковски.

Овие укинувања се дадени како предлог на Кризниот штаб при Владата, кои ќе треба да и препорачаат на Владата и да се донесе конечна одлука.

„Во пресрет сме на празници кога може да има зголемен број на заразени. Затоа одиме чекор по чекор. Препорачуваме маски да носат возрасните кои се со хронични болести, останува препораката“, рече портапролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ.

На почеток