Израелска студија: Колку долго трае заштитата по втората бустер доза?
Министрите за здравство на повеќето европски земји ги повикаа владите на земјите членки на Унијата да ја поддржат вакцинацијата со четвртата доза, односно втор бустер кај лицата постари од 60 години. Израел почна да нуди втора бустер доза во јануари.
Четвртата доза од вакцината Pfizer ја намали стапката на инфекција со коронавирус кај постарите лица, но се чини дека заштитата од инфекција е краткотрајна, покажа големо израелско истражување.
Заштитата од инфекција со коронавирус по втората засилена доза ослабела по само четири недели, според студијата на израелските научници објавена во вторникот во списанието „Њу Ингланд Журнал оф Медицин“.
Експертите објаснија и дека заштитата од развој на потешки форми на болеста не исчезнала ниту шест недели по примањето на бустерот, но посочуваат дека треба да се направат дополнителни студии за да се процени долгорочната заштита.
Студијата, во која учествуваа 1,3 милиони луѓе на возраст од 60 и повеќе години, ги проучуваше претходно собраните знаења од базата на податоци на израелското Министерство за здравство во периодот од 10 јануари до 2 март, кога преовладуваше омикронската варијанта.
Резултатите од студијата беа објавени пред состанокот во средата на американската Администрација за храна и лекови (ФДА) на кој се разговараше за потребата од дополнителни дози и една недела откако Соединетите држави одобрија втора бустер доза за луѓе над 50 години поради ширење на подваријантата омикрон BA.2 .
Министрите за здравство на повеќето европски земји ги повикаа владите на земјите членки на Унијата да ја поддржат вакцинацијата со четвртата доза, односно втор бустер кај лицата постари од 60 години.
Кога станува збор за азиските земји, Јужна Кореја почна да ја дава четвртата доза од вакцината против Ковид во февруари, а Сингапур исто така објави дека планира да понуди втор бустер за оние над 80 години.
Друго израелско истражување минатиот месец покажа дека стапката на смртност кај постарите кои примиле втора бустер доза е за 78 отсто помала од стапката на смртност кај оние кои примиле само една дополнителна доза.
Израел почна да нуди втор бустер во јануари.