Коментари

„Во петок ќе се сретнеме Катица Јанева, Камчев, Кичеец и јас“, најавува Боки 13

Бојан Јовановски-Боки 13 кој е тужен од бизнисменот Јордан Камчев за да ги врати парите за кои Кривичен суд досуди дека се земени од него, објави најава на неговиот профил на „Инстаграм“. Во неа пишува тие двајца, но и ексспецијалната обвинителка која беше осудена Катица Јанева и осудениот Зоран Милевски-Кичеец одново ќе се сретнат во судница. Овојпат, во Граѓанскиот суд.

„Известување до медиумите и граѓаните. Петок, 15.04.2022, 09 часот, Граѓанскиот суд ќе има рочиште, распит на странки, за тужбеното отштетно барање на Камчев. Во судница ќе се сретнеме јас Бојан Јовановски, Катица Јанева, Зоран Милевски-Кичеец и Јордан Камчев. Мислам дека ќе биде и повеќе од важно, ќе има што да се слушне. пс. Имам некое чувство дека оној торбоносецон Кичеец нема да дојде и дека само за него Камчев ќе ја повлече тужбата, па така уште еднаш ќе се види кој е и како го монтираше Рекет. До конечна правда. Show must go on“, стои во писанието објавено од администраторот на профилите на Боки 13.

На почеток