Русија ги предупреди сите што и помагаат на Украина: „Непредвидливи последици“
Москва испрати нота до сите земји, вклучително и САД, за испораката на оружје во Украина, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захаров.
„Да. До сите земји“, рече таа, одговарајќи на прашањето дали е точна публикацијата на „Вашингтон пост“ во која се тврди дека Москва испратила нота до Вашингтон поради испораката на оружје во Украина.
Во нотата се наведува дека испораките на оружје за Киев ја влошуваат ситуацијата во Украина и дека тоа може да доведе до „непредвидливи последици“.
Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс изјави дека САД нема да ја повлечат поддршката за Украина и покрај предупредувањата на Русија.
„Русите даваат некои изјави лично, а некои официјално, но ништо нема да не убеди да се откажеме од стратегијата што ја избравме“, рече тој.