Магазин

Еден од најголемите рубини во светот е изложен во Дубаи

Еден од најголемите рубини во светот, наречен „Бурџ Алхамал“, за прв пат беше претставен на јавноста вчера во хотел во Дубаи во Обединетите Арапски Емирати и ќе биде изложен еден месец пред да биде ставен на аукција.

Скапоцениот камен од 8.400 карати и 2,8 килограми е еден од најголемите „необработени рубини“ пронајдени досега и еден од „најретките“ во светот, рече Патрик Пилати, извршен директор на SJ Gold and Diamond, која го изложи.

„Овој необработен рубин е пронајден во Танзанија. Не е загреан, што значи дека не е обработен. Тој е во својата природна состојба и затоа е скапоцен. Пред да биде понуден на аукција, рубинот ќе биде изложен во следните 30 дена“, рече тој.

Цената на овој скапоцен камен од зеленикави и темно виолетови тонови може да достигне 120 милиони долари.

Во март, џиновски дијамант наречен “The Rock” првпат беше изложен во Дубаи. Тогаш аукциската куќа Кристи објави дека дијамантот во облик на круша од 228,31 карати бил ископан и обработен во Јужна Африка пред 20 години, најголемиот бел дијамант досега на листата. “The Rock” ќе се најде на аукција во Швајцарија во мај и се очекува да биде продаден за 30 милиони долари.

На почеток