Свет

(ВИДЕО) Голем пожар во највисоката зграда во светот

Пожар избувна во облакодер во непосредна близина на највисоката зграда во светот Бурџ Калифа, рано утринава во Дубаи, јавува АП.

Не е познато дали има повредени во пожарот во станбената зграда, кој беше изгаснат до доаѓањето на новинарот на АП на местото на настанот.

Жителите, кои живеат во зградата спроти местото на настанот, велат дека пожарот избувнал утринава околу 02:20 часот, јавуваат локалните медиуми.

Полицијата и претставниците на Дубаи не потврдија за новинарите на АП дека пожарот се случил.

To Top