Вучиќ откри колку ќе поскапи струјата

Од
Објавено на

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, зборуваше за поскапувањето на струјата, како и за поскапувањето на платите и пензиите.
„Платите кај нас ќе растат многу повеќе од инфлацијата“, најави тој и потсети на покачувањето на пензиите.
„Просечната стапка на јавниот долг е 94,2 отсто, а Србија е за речиси 40 индексни отсто подобра од европскиот просек“, рече Вучиќ.
„Денеска просечната плата во Белград беше 806 евра, во Бор 800 евра, во Мајданпек 850 евра“, додаде тој.
Вучиќ зборуваше за тоа дали ќе има поскапување на струјата и до 70 отсто.
„Не велам дека нема да има зголемување, но ќе биде меѓу 8 и 10“, нагласи тој.
