Актуелно

„Само во Македонија просечната плата е поголема од просечната плата на наставниците“, вели Беќаровски

Доктор Нико Беќаровски на социјалните мрежи вели дека Македонија е единствената земја каде просечната плата е поголема од просечната плата на наставниците.

„Ако досега не ви беше јасно зошто наставниците штрајкуваат
¤ Единствена држава каде просечната плата во државата е поголема од просечната плата на наставниците е Македонија. (-17%)
¤ Во Германија и Шпанија наставничката плата е скоро двојно поголема од просечната !!!
¤ Студирај, цел живот едуцирај и не се нервирај“, вели тој.

На почеток