Актуелно

„Верата е во срцето и душата, а не во устата и на истетовираното тело“, Боки 13 удри јако за Велигден

„Секоја минута помината со саканите и блиските е поважна од било што друго. Секој ден треба да го живееме со добра мисла. Во ова време-невреме вистински ни е потребно покајанието и сплотеноста, бидејќи навистина е лицемерно и нехристијански само на празник навидум сите да се сакаме и почитуваме, а веќе од утре да шириме омраза, да бидеме од туѓи потуѓи, поделени, скарани, обесправени…“, напиша Бојан Јовановски-Боки13.

Тој додава:

„За мене верата и вербата се многу интимна и лична работа. Моето искуство ми говори дека ништо лошо не сум доживеал од оние кои не се фалеле и покажувале дека се големи верници, напротив зло ми нанеле оние кои се колнеле во Господ, а лажеле, и оние кои на своите тела го тетовирале светиот лик на Богородица и други светци… е од такви да се пазите, тие се Јуда и Пилат на нашето време!!!

Верата е во срцето и душата, а не во устата и на истетовираното тело!!! Камо среќа сите да бевме толку големи верници и вистински христијани, колку што сме верници и христијани позади тастатура!

И камо среќа честитките од високите државни функционери да се вистински, а не паушално напишани од некој службеник од нивните кабинети. Денеска честитки а утре предавства во секоја смисла ( чест на ретките политичари кои тоа го прават со искрени и чесни намери )

Ме одушеви обраќањето на Г.Г Стефан, нека е здрав и жив ! Велигден е победа на доброто над злото, па во тоа име почитувани, нека е за многу години Христовото воскресение! Честит Велигден, Христос воскресе. Ова се фотографии од минатата година додека бев во домашен притвор, вистинската среќа е во малите нешта, пронајдете ја каде и да сте… Содржината е авторски текст на Бојан Јовановски, објавено од администратор на профилот“.

На почеток