Актуелно

АА: Дел од обвинетите за настаните од 9 и 10 мај 2015 година во Куманово, од вчера штрајкуваат со глад

Денеска сме тука пред затворот Шутка каде се дел од обвинетите за настаните од 9 и 10 мај 2015 година во Куманово, кои од вчера штрајкуваат со глад бидејќи не им се почитуваат основните права, она за семејни посети и слободен викенд, велат од Алијанса за Албанците.

„Сакаме да ја информираме јавноста дека петмина од затворениците ги исполниле сите законски услови за слободен викенд, но ова право директорот на затворот го ускратува иако добиле позитивно мислење од соодветната комисија. Станува збор за Мусадик Пајазити кому правото на викенд му следува веќе 19 месеци, Арсим Бајрами веќе 18 месеци, Елхам Арифи 12 месеци, Ирфан Лутфи 9 месеци и Сеадодин Абдулаи веќе пред 5 месеци ги исполнува условите за слободен викенд.

Ги повикуваме Управата на затворот, Министерството за правда, Управата за спроведување на санкциите и сите надлежни институции да ги почитуваат важечките закони, меѓународните конвенции и Уставот на државата во кој стои дека пред законот сите се еднакви.

Со неадекватениот третман на затворениците, Северна Македонија не само што потврдува дека е хибриден режим, туку сега се движи кон системи како оној на Северна Кореја“, се вели во соопштението.

На почеток