Магазин

(ВИДЕО) Евровизиската претставничка го фрли македонското знаме, се цени дека го прекрши и Законот

Андреа Коевска, македонската претставничка на Евросонг го фрли македонското знаме по земја додека се фотографираше во Торино. Нејзиниот потег предизвика лавина реакции. Се цени дека ова е непочит кон сопствената земја, а со оглед дека на платото не беше сама и можеше да го подаде на некој од придружниците.

Дел од правниците ценат и дека ваквото постапување со македонското знаме претставува прекршување на Законот за употреба на грбот, знамето и химната на државата.

Согласно членот 8 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната на државата, истото е забрането, односно тие не смеат намерно да се кинат, палат, газат или на друг начин да се скрнават или изложуваат на презир или исмејување.

На почеток