(ВИДЕО) На Андреа и се бесмислени реакциите, но се извини за фрлањето на македонското знаме
Андреа Коевка се извини за фрлањето на македонското знаме, но и е бесмислено зошто сите реагираат. Таа објасни зошто се решила на тој чекор. Нејзиното обраќање преку видео доаѓа откако МТВ кажа дека се разгледува можноста таа да биде вратена дома.
„Ги видов написите во медиумите и не ми се верува дека се случува тоа. Во последните неколку дена, сѐ што правев е тоа што гордо се движев насекаде и го покажував македонското знаме. Но, во моментот кога ме фотографираа, побараа од мене да го немам македонското знаме. Делегацијата беше навистина подалеку од мене и јас одлучив да го фрлам знамето. Не беше од омраза затоа што јас сум горда што доаѓам од тука. Затоа ми е малку бесмислено зошто се случува ова. Навистина сум тука да ја претставам Македонија во најдобро светло и се надевам дека можеме да продолжиме во ова евровизиско искуство со позитива. Немав намера да навредам некого, ако го направив тоа – се извинувам!“, рече Aндреа.