Руската црква ја поддржа СПЦ, се огласија за признавањето на МПЦ-ОА
Руската православна црква (РПЦ) ги признава ексклузивните канонски права на Српската православна црква (СПЦ) во Mакедонија, изјави секретарот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, протоереј Игор Јакимчук.
– Ставот на Руската православна црква, пред сè, ќе го земе предвид пристапот кон тој проблем на Српската црква, на која продолжуваме да и ги признаваме ексклузивните канонски права во Северна Македонија“, рече тој.
Вселенската патријаршија претходно соопшти дека ја признава Црквата на Северна Македонија како православна и дека ја прифаќа во заедницата на христијанските православни цркви.
Според соопштението, Константинопол го признал името на таа црква како „Охридска“ (што значи област на нејзина јурисдикција само на територијата на Северна Македонија) и ја исклучува употребата на терминот Македонска, како и секој дериват на тој термин.