(ФОТО) Поплаки дека во Геге не се дише, го кренаа градоначалникот Стојкоски од кревет
Густ чад и лоша миризба беа причина што градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски околу десет часот вчеравечер да излезе на терен. Граѓаните на населбата Даме Груев односно Геге имаа поплаки дека таму не се диши. Според нив, имало запалено голем оган, што се потврди како точна информација.
Освен опшинските служби, во реакциите на ѓорчепетровци, на терен излегол и Стојкоски. Видно од фотографиите, тој по маица и тренерки, заедно со пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојкоски биле лично да се уверат што се случува. Пожарот, бил локализиран по што бил и целосно изгаснат.
Инаку, Стојкоски има пракса да излегува во секое време на терен, кога тоа е потребно. Слично беше и во текот на зимата, кога сам, без службите, беше со комуналните работници кога се врлаше сол за да не заледува асфалтот во општината.