Свет

(ВИДЕО) Претставник од Пентагон на Конгресот за НЛО: Расте бројот на непознати објекти на небото

Сè поголем број непознати објекти има на небото во последните дваесет години, изјави официјален Пентагон пред американските пратеници, но не го потврди постоењето на живот надвор од Земјата.

За прв пат по повеќе од 50 години, Конгресот на САД одржа јавна расправа за „неидентификувани феномени во воздухот“.

„Од почетокот на 2000-тите, забележавме зголемен број неидентификувани предмети“, рече Скот Бреј, заменик-директор за разузнавање на американската морнарица.

Не е исклучена можноста леталото да потекнува надвор од Земјата, но ниту за тоа нема докази
Официјалниот претставник го припиша зголемувањето на „значајните напори“ на американската војска да го „демистифицира самиот чин на известување за набљудувањата“ и технолошкиот напредок. Сепак, тој истакна дека не открил ништо „што би укажало дека овие феномени потекнуваат надвор од Земјата“. Но, тој не ја исклучи таквата можност.

Во јуни 2021 година, американската разузнавачка служба во долгоочекуваниот извештај изјави дека нема докази за постоење на вонземјани, признавајќи, сепак, дека десетици феномени забележани од воени пилоти не може да се толкуваат.

Некои може да се објаснат со присуството на дронови или птици кои ги збунуваат американските воени радарски системи. Други може да се припишат на тестирањето на воената опрема и технологија спроведено од други сили како Кина и Русија.

Американската војска и разузнавачка служба прво и основно сакаат да утврдат дали овие „неидентификувани воздушни феномени“ може да се поврзат со заканата за Соединетите држави.

„Неидентификуваните феномени во воздухот можат да бидат закана за националната безбедност“, предупредува демократот Андре Карсон, претседател на парламентарната комисија што ја организираше расправата. „И ние мораме да им пристапиме како такви.

На почеток