Експерти: Северна Кореја без вакцина против корона, на работсе од катастрофа


Бројот на луѓе кои страдаат од Ковид во Северна Кореја се искачи на речиси 1,5 милиони, а експертите велат дека ќе следи катастрофа во земјата доколку не се обезбедат вакцини и лекови.
Северна Кореја објави голем пораст на нови случаи на инфекција со корона. Во таа земја, ковидот се нарекува треска. Пријавени се 269.510 нови случаи и шест смртни случаи. Минатиот четврток тие го пријавија првиот случај на инфекција со корона по пандемија во светот, а околу 1,48 милиони луѓе се разболеле од минатата недела.
Најмалку 663.910 луѓе се во карантин, покажуваат официјалните податоци. Вистинскиот број на заразени е секако поголем бидејќи на Северна Кореја и недостасуваат тестови за корона, а нема ресурси за следење и лекување на болните, пишува Гардијан.
