“Добредојдовте драги браќа”: Со камбани СПЦ ја пречека делегацијата на МПЦ во Белград
Српскиот патријарх Порфириј, на својата фејсбук страница објави видео од пречекот нма македонската цркована делегација во Белград.
Архиепископот Стефан прв го пречека Патријархот Порфириј со меѓусебни прегратки.Како што камбаните ѕвонат на Светосавскиот храм, така и напите срца чукаат од радост поради овој благословен ден. Добредојдовте драги браќа!. Добредојде брате Архиепископе Стефане и владици. Добредојдовте во заедницата на љубовта, вие и со вашиот благољубив народ. Браќа сме и само браќа, напиша српскиот патријарх.
Во делегацијата на МПЦ се Архиепископот Стефан, Митрополитите Петар, Тимотеј, епсикопот Климент, Архимандритот Нектариј од манастирот Свети Наум, архимандритот Агатон од манастирот Свети Пантелејмон.