Расколот болеше, сега раната е зацелена и се случи чудо, порача г.г. Стефан
Поглаварите на СПЦ и на МПЦ-ОА денеска во храмот „Свети Сава“ одржаа заедничката богослужба во присуство на владиците од двете цркви. Раната која более цели 55 години е излекувана порача Поглаварот на СПЦ патријархот Порфирије. Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан изрази надеж дека деновиве ќе биде и радосната вест за афтокефалност на МПЦ-ОА.
– Имамвме раскол кој траше 55 години, таа рана беше длабока и болеше. Легнуваме и станувавме со мислата како таа рана да се зацели. Рана на телото христво не може да бие излечена само со нашата сила и волја. Раната е зацелана и тоа е чудо божје. Разбравме дека раната е направена со нашите постапки и затоа се обравиме до бога и до сите светци за да го направат она што нам не ни одеше од рака. И се случи чудо неочекувано. Браќа, нашата радост денеска е неизмерна. Сега сме едно. Одзивот на сите верници од Србија и од Македонија е доказ дека срцето ни чука во христовиот ритам“ – порача по литургијата поглаварот на српската црква партјархот Прфирије.
Архиепискотот г.г. Стефан рече дека дошлов време да завршат страдањата на православниот македонски народ и на Охридската Архиепископија.