Актуелно

„Путин е лудак кој почна глупава војна“, Навални и од затвор покажа заби

Затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални на денешното судско рочиште го нарече рускиот претседател Владимир Путин „лудак“ кој започна „глупава војна“ во Украина.

„Оваа глупава војна ја започна вашиот Путин“, рече Навални пред апелациониот суд, каде што зборуваше преку видео врска од казнената колонија.

„Оваа војна беше започната со лаги од лудак кој ги ископа канџите во Украина. Не знам што сака овој луд крадец со неа“, рече Навални за Путин.

Навални претходно беше осуден на девет години во строга казнена колонија за измама и непочитување на судот. Неговата жалба денеска беше одбиена.

На почеток