Актуелно

„Ако Ердоган мисли така – греши“, врати Мицотакис

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис упати силна порака до раководството на Турција, кое вербално го нападна дури и со директни навреди.

„Ако претседателот Ердоган мисли дека нема да го бранам суверенитетот и суверените права на Грција и дека нема да и кажам на меѓународната јавност дека Турција се однесува како ревизионистичка сила, тогаш греши“, рече тој.

Зборувајќи за грчко-турските односи со претседателот на Светскиот економски форум Борге Бренде во Давос, Мицотакис рече: „Ние сме соседи [со Турција], секогаш треба да разговараме и секогаш сакаме да ги одржуваме каналите за комуникација отворени. Ние никогаш нема да бидеме тие што ќе од друга страна, ако претседателот Ердоган мисли дека нема да ги бранам суверенитетот и суверените права на Грција и дека нема да и кажам на меѓународната јавност дека Турција се однесува како ревизионистичка сила, тогаш греши“.

Мицотакис понатаму се осврна на неговата средба со Ердоган и на фактот дека еден месец подоцна следеа невиден број летови на турски воени авиони над грчките острови.

Истакнувајќи дека таквото однесување е „целосно неприфатливо“, Мицотакис рече дека „ќе го покренува ова прашање секогаш кога можам додека Турција не го промени своето однесување“.

На почеток