Херд мора да му плати на Џони Деп 10 милиони долари отштета и пет милиони долари парична казна
По седумнеделното судење меѓу Џони Деп и Амбер Херд, кое многумина го нарекоа судење на деценијата, конечно беше донесена пресуда.
Поротата во Вирџинија ги прогласи за одговорни за клевета Амбер Херд и Џони Деп во нивните тужби еден против друг, пишува Си-Ен-Ен.
Британскиот Би-Би-Си најпрвин објави дека пресудата му била дадена на актерот, додека читањето на одлуката на поротата, очигледно, се уште не е завршено
Поротата одлучи дека Херд мора да му плати на својот поранешен сопруг 10 милиони долари отштета и пет милиони долари парична казна, јавува Би-Би-Си.
Поротата, сепак, утврди дека Џони Деп ја наклеветил Амбер Херд, преку нејзиниот адвокат Адам Волдман, и тоа само во една од трите точки.
Актерката ќе добие обештетување од два милиони долари.
Џони Деп не беше присутен во судот кога беше објавена пресудата, бидејќи моментално се наоѓа во Њукасл, додека Херд беше на суд.
Поранешниот холивудски пар размени сериозни обвинувања за време на судењето – и Деп и Херд тврдеа дека биле жртви и на емоционално и на физичко малтретирање.
Процесот привлече големо внимание кај светската јавност, а социјалните мрежи станаа полигон за говор на омраза на навивачите од двете страни.
Да потсетиме, Амбер Херд објави напис во Вашингтон пост во 2018 година со наслов „Зборував за сексуално насилство – и се соочив со гневот на нашата култура“. Поради тој напис, кој адвокатите на Деп се обидоа да го докажат, актерот настрада поради погрешната слика за насилникот која се создаде за него во јавноста и поради која изгуби бројни актерски ангажмани.