Актуелно

Сијарто: Вредеше да се спротивставиме на притисокот на главните играчи

Усвоен е шестиот пакет санкции на Европската унија против Русија, борбата за форматот на санкциите беше тешка, но вредеше, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

– Беше долга борба, но вредеше да се спротивставиме на притисоците и барањата на главните играчи да се откажат од нашите национални интереси. Вредеше да се издржат лажните обвинувања на многу европски политичари и новинари – изјави Сијарто на Фејсбук, пренесува агенцијата МТИ.

Тој додаде дека новиот пакет е исклучок кога станува збор за испорака на руска нафта преку нафтоводи, што, според него, ќе обезбеди енергетска безбедност на Унгарија.

– Да не се боревме на начинот на кој се боревме, снабдувањето со нафта ќе станеше невозможно, а економијата и земјата ќе застанат – додаде тој.

На почеток