Пендаровски го осуди палењето на клубот Ванчо Михајлов: Ваквите чинови се провокација
Од
Објавено на
Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски го осуди палењето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола. Тој вели дека овие чинови се провокација и нема да доведат до унапредување на односите со Бугарија.
„Најостро го осудувам палењето на објектот на културниот центар на бугарската заедница во Битола. Ваквите чинови се провокација и не одат во прилог на унапредување на односите со Бугарија.
Ги повикувам надлежните институции да спроведат брза и детална истрага, да ги преземат сите потребни мерки, да се откријат и санкционираат сторителите“, вели Пендаровски.