Македонија

Адвокати се понудија бесплатно да го бранат Ламбе

Адвокати од Скопје јавно се понудија бесплатно да го бранат Ламбе Алабаковски пред суд. Драган Пешевски и Јанаки Митровски повикаа на организација за одбраната на Алабаковски, а откако пејачот признал во полиција дека го запалил бугарскиот клуб во Битола пред неколку денови.

„Под итно организација за одбрана на Ламбе!!!! Прв се пријавувам!!!“, напиша Митровски.

Слично постапи и Пешевски: „Ja и Јанаки Митровски јавно се пријавуваме за pro bono одбрана на Ламбе!!! Нека разберат клетите фашисти!!!“.

Пејачот Ламбе Алабаковски е осомничениот дека подметнал пожар во бугарскиот клуб Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола, дознава „Скопје1“. Тој со велосипед и капа, пришол до клубот и ја запалил влезната врата. Неговите иницијали Л.А. (34) се најдоа и во соопштение на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој е во полициска станица, каде го признал делото. МВР ќе го гони Ламбе за предизвикување општа опасност поради палењето на клубот.

На почеток