Актуелно

„Немојте на ФБ, Ламбе се брани на улица“, повика Дурловски

Покрај низата коментари во одбрана на пејачот Ламбе Алабаковски кој според МВР признал дека го запалил бугарскиот клуб во Битола, зад него застана и Игор Дурловски. Тој пак, повика на улица да се брани осомничениот.

„Немојте на ФБ, Ламбе се брани на улица!“, напиша Дурловски, споделувајќи негова фотографија.

Претходно, адвокати се понудија бесплатно да го бранат Алабаковски на суд. Од пејач, Алабаковски стана „војвода“, „патриот“, „херој“.

Пејачот Ламбе Алабаковски е осомничениот дека подметнал пожар во бугарскиот клуб Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола, дознава „Скопје1“. Тој со велосипед и капа, пришол до клубот и ја запалил влезната врата. Неговите иницијали Л.А. (34) се најдоа и во соопштение на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој е во полициска станица, каде го признал делото. МВР ќе го гони Ламбе за предизвикување општа опасност поради палењето на клубот.

На почеток