Детекторите повторно работат, радијацијата во Чернобил е нормална
Од
Објавено на
Детекторите за радијација во забранетата зона околу украинската нуклеарна централа Чернобил повторно работат за прв пат откако Русија ја окупираше областа на 24 февруари, а нивото на радијација е нормално, објави денеска Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
– Повеќето од 39-те детектори испраќаат податоци и тие сега се видливи на мапата на Меѓународниот информативен систем за следење на радијацијата – наведе МААЕ.
Во соопштението се посочува дека досегашните мерења покажуваат дека нивоата на радијација се во согласност со оние од пред војната.