Трагедија во Судан: Безбедносните сили прегазија петгодишно девојче
Од
Објавено на
Петгодишно девојче загина откако суданските безбедносни сили го прегазиле автомобил во населбата Калакла, јужно од главниот град Картум, соопшти денеска Централниот комитет на суданските лекари.
Во соопштението се потсетува дека од воениот удар во октомври минатата година, безбедносните сили на сличен начин убиле 101 лице, а меѓу жртвите имало дури 16 малолетни лица, пренесува Ројтерс.
Военото раководство на Судан најави дека случаите ќе бидат истражени.