Меркел прв пат проговори за нејзиното здравје
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел вечерва, во своето прво јавно појавување пред печатот по заминувањето од власт, зборуваше за лични работи, како што се потресите на крајот на нејзиниот мандат, кои загрижија многу Германци.
Запрашана за потресот што беше забележан при првата посета на претседателот на Украина Володимир Зеленски, таа рече дека тоа е поврзано со смртта на нејзината мајка.
-Тоа беше поврзано со смртта на мајка ми, а потоа и стравот повторно да не дојде во таква ситуација – искрено го пренесе она што се чуваше во тајност додека беше на власт.
– Замислив малку поинакво време по мојот мандат, а 24 февруари беше вистинска пресвртница. Убаво е да се прават други работи откако доброволно ја напуштив функцијата. Се разбира, јас секогаш останувам политичко човек – објасни таа.
Меркел истакна дека одлучила повторно да не оди на избори, бидејќи по 16 години на власт забележала дека понекогаш повеќе не е борбена како осум години пред тоа.