(ФОТО) Верниците нервозни се вратија од гробиштата во Ѓорче, затекоа фрапирачка состојба: За срамота!
Верниците со низа реакции за несреденоста на гробиштата во Ѓорче Петров. Високи треви, расфрлан отпад и полни контејнери беше она што можеше да се забележи насекаде. Задолжени за одржување се АД Бутел, кои очигледно, не си ја завршиле својата обврска пред верскиот празник Задушница.
„За срамота“, „Невидена катастрофа“, „За ова ли земаат пари“, беа само дел од коментарите од разочараните верници. Дел од граѓаните реагирале и во АД Бутел, но велат дека е залудно.
„Исто ви се фаќа и да вртите на сите телефони, ќе ви кажат дека само двајца работници имаат и не можат да постигнат, јас веќе се жалев пред месец дена и тоа ми одговорија, немаат луѓе“, вели еден од верниците.
„Секоја година е исто, никој не презема ништо, а за контејнерите да не правиме муабет не ги чистат, чекаат да скапе или ветар да дувне да однесе по гробовите па да си исчистиме самите“, вели друг верник.
„Како ние ќе одиме до гробовите змии ќе не изедат, срамота за Бутел“, коментираат други.
Ова не е првпат да има вакви остри реакции за чистотата на гробиштата. И покрај тоа што верниците плаќаат за одржување, очигледно дека надлежната служба на АД Бутел знае да потфрли во својата работа.