Боки 13 дециден: Жив сум и простување нема!
Без влакна на јазикот, Бојан Јовановски-Боки 13 преку администраторот на неговите профили, им порача на неговите некогашни лажни пријатели дека кармата е кучка. Не дефинираше кон кого конкретно е упатена пораката, но е дециден дека станува збор за сите кои му правеле лице додека тој беше модна икона и во регионални рамки.
„Кога бев добро, сите тие многу ме “сакаа” и “почитуваа”… во контекст на тоа имам едно прашање: Можете ли да ми кажете на кој ден се слави Светата лага? Затоа што морам да испратам честитки до неколку луѓе… Единствениот порок што не може да се прости е лицемерието. Покајанието на лицемер е само лицемерие, па затоа простување нема! А, да и уште една работа, жив сум, менталната хигиена ми е на добро ниво, фала му на Бога, се држам бидејки несомнено знам дека животот е тркало и дека кармата е озбилна кучка“, вели Боки 13.