Свет

Повторно пукање во САД, загинаа две лица

Две лица загинаа, а четворица се повредени во пукање во ноќен клуб во градот Гери, Индијана, соопшти во неделата локалната полиција.

Полицијата соопшти дека на местото на пукањето биле пронајдени две лица без знаци на живот – 34-годишен маж во близина на влезот на ноќниот клуб и 26-годишна жена во клубот, пренесува АП.

Двајцата биле прогласени за мртви откако биле префрлени во локална болница.

Во престрелката се ранети четири лица, од кои едното е во критична состојба, соопшти полицијата.

Властите не ги соопштија имињата на жртвите, ниту информации за тоа што би можело да доведе до пукањето.

На почеток