(ВИДЕО) Хаос на мечот меѓу Грција и Косово: „Ова изгледа на војна, а не на фудбалски натпревар“
Хаотични сцени се снимени во Волос, каде грчката фудбалска репрезентација победи на Косово.
Грците по само четири кола обезбедија пласман во Лигата Б од Лигата на нации со перфектни 12 бода, совладувајќи го Косово по втор пат (2:0).
Сепак, натпреварот го одбележаа бројни инциденти на теренот, но и на трибините.
За време на химната на Косово имаше свиреж, а трибините беа преплавени со знамињата на Србија и оние на кои јасно беше испишано „Косово е срцето на Србија“.
Greek fans’s provocation during the match #GREKOS 🇬🇷 🇽🇰 | #NationsLeague pic.twitter.com/bbs14qylgv
— Kombëtarja Shqiptare 🇦🇱 (@KombetarjaShqip) June 12, 2022
Во Грција пристигнаа околу 100 навивачи на Косово, и таму се случија првите поголеми инциденти. Имено, некаде пред крајот на првото полувреме дошло до пукање со факел меѓу навивачите од Грција и гостинските навивачи.
Веднаш по овој конфликт дојде до конфликт на теренот, кога напаѓачот Муричи му пријде на судијата за да го замоли да ја прекине играта, што тој го одби.
Член на фудбалската репрезентација на Косово изјави дека ова изгледа на војна, а не фудбалски натпревар.
Tifozët shovinistë grekë duke sulmuar tifozët e Kosovës. E turpshme. Kjo vetëm lojë futbolli nuk ishte. pic.twitter.com/UMtRT269uI
— Leonard Kerquki (@LeoKerquki) June 12, 2022
NEWS – #Kosovo away fans were under attack by Greek hooligans #GreKos (c) @Bujar_Mehmeti pic.twitter.com/dMVzBMqTeK
— Stefan in Kosovo (@StefanInKosovo) June 12, 2022