Свет

Чавушоглу денеска во посета на Србија

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска ќе престојува во посета на Србија каде ќе разговара со највисоките српски претставници.

Чавушоглу ќе разговара со претседателот Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ.

Чавушоглу прво ќе разговара со претседателот Вучиќ, а потоа и со премиерката Брнабиќ.

Шефот на турската дипломатија потоа ќе разговара со министерот Селаковиќ, а по средбата се планирани изјави за медиумите.

На почеток