Свет

(Видео) „Скопје1“ во пред училиштето „Владислав Рибникар“: Куп солзи, свеќи, цвеќиња за десетте жртви од кои девет се деца

Една година по најкрвавиот масакр во регионот, Србија тагува по десетте жртви, убиени од 13-годишниот Коста Кецмановиќ. Екипата на „Скопје1“ беше пред училиштето „Владислав Рибникар“ каде што бројни граѓани, обвинети во црно, доаѓаа да запалат свеќа, остават цвеќе и изразат сочувство на семејствата чии деца загинаа, како и на семејството на чуварот кој беше убиен.

Имињата на учениците и чуварот, односно десетте жртви, се испишани на уметничката инсталација на влезот од училиштето. Нивни фотографии и денот на крвавиот пир се поставени на ѕидот од установата.

Илјадници граѓани оддадоа почит на жртвите. Во 8 часот и 41 минута е моментот кога започнал масакрот, а во истото време имаше едноминутно молчење во цела Србија.

Мотото под кое се одбележува една година од масакрот е „Будење“.

На почеток