Виролог: „Уште четири нови соеви на корона вирус доаѓаат од Африка“
Вирологот Миланко Шеклер денеска изјави дека се појавил нов вид на корона – БА.5, но дека смртноста не е зголемена, така што нема причина за загриженост.
„Тоа е нов вид на омикрон и ништо значајно нема да се промени во клиничката слика. Преносливоста можеби е дури и малку повисока од варијантата што ја имавме во јануари, но смртноста не е зголемена, така што нема причина за грижа“, изјави Шеклер за РТС.
Тој додаде дека некој што претходно не прележал ковид или не се вакцинирал сигурно ќе се зарази.
Шеклер објасни дека има зголемување на бројот на новозаразени бидејќи поминало многу време од вакцинацијата.
Тој рече дека сојот омикрон има пет варијанти и дека првата во Србија била доминантна во јануари, но дека уште четири нови соеви доаѓаат од Африка.