Македонија

Ѓорге Иванов: Отфрлете го францускиот предлог, ја втурнувате Македонија во бездна и национално предавство

Експретседателот Ѓорге Иванов повика да се отфрли францускиот предлог. Тој смета дека тоа се подли игри за разнебитување на Македонија.

Неговиот став во целост:

Како поранешен претседател, кој 10 години беше сведок и силен противник на сите подли игри за разнебитувањето на Република Македонија, повикувам на отфрлање на францускиот предлог.

Со вакво “решение” Република Македонија ќе биде втурната во правна, политичка и историска бездна. Македонскиот народ повторно е сведок на национално предавство. Човечкото достоинство и стекнатите права се црвените линии кои не смее да се преминат. За нив не се разговара и не се преговара. Непокорот е единствениот излез. Одбраната на Македонија е обврска на секој од нас. Да живее Република Македонија!

На почеток