Македонија

(ВИДЕО) Владата блокирана со шатори и автомибили, протестите се радикализираат

Протестите пред Владата се радикализираат. По вториот ден протестирање, демонстратите поставија и шатори на Илинденска. Булеварот е целосно блокиран и со автомобили. Ова следува откако по два дена пораки, премиерот и министрите не го отфрлија францускиот предлог. Пред Владата стои и озвучувањето, кое претходно беше отстранувано па враќано.

За да се каже „не“ на францускиот предлог, ќе се кампува деноноќно. Демонстрантите седат и изразуваат револт. Се планира ова да продолжи се додека Владата не го отфрли предлогот, кој за илјадници граѓани е штетен, го урнисува идентитетот и јазикот.

На почеток